Телото на Јаков Јелкиќ , 24-годишниот хрватски фудбалер кој исчезна во градот Аликанте, Шпанија, ноќта меѓу 31 јануари кон 1 февруари, беше пронајдено во понеделник попладне во водите на градското пристаниште.
Додека се чекаат резултатите од обдукцијата, шпанската полиција верува дека се работи за несреќа во која не учествувале трети лица. Информациите наведуваат дека неговото тело било пронајдено на длабочина од два метри во близина на еден од столбовите во пристаништето.
Месиумите пишуваат дека обдукцијата на телото на Јелкиќ треба да се изврши во вторник на 4 февруари. Во Институтот за судска медицина во Аликанте ќе биде извршена обдукција.
Јаков Јелкиќ, жител на швајцарскиот град Зермат, последен пат бил виден во ноќниот клуб Упикум, а потоа му се губи секаква трага.
Јаков беше во Шпанија на фудбалски турнир со својот швајцарски клуб. Инаку, тој игра за локален помал лигаш во Зермат, Швајцарија. Во петокот вечерта, по натпреварот, тој отишол во ноќниот клуб Упикум во Аликанте.
Јаков последен пат разговарал со родителите во петокот попладне и потврдил дека безбедно пристигнал во Шпанија.
„Стигнавме, се е во ред, хотелот е одличен“, им рекол тој. Истиот ден од банкомат подигнал 150 евра.
Во петокот вечерта Јаков и неговите соиграчи излегле во ноќен клуб во Аликанте. Вечерта ја изгубил јакната и се вратил внатре да ја бара. После тоа исчезна, пишува швајцарски „Блик“.
Последен пат соиграчите го виделе околу 2:30 часот кога го напуштил клубот. Околу еден час подоцна, надзорните камери го снимија во близина на хотелот. Потоа и ја испратил последната порака на својата девојка: „Добро сум“.
Неговата сестра Јања Јелкиќ изрази загриженост за снимката од безбедносните камери: „На видеото се гледа како брат ми се врти во погрешна насока. Можеби сакал да помогне некому“.