Денеска напладне во Солун се случи трагедија, при што жртва е 51-годишна жена која падна од балкон.
Според информациите на грчките медиуми, тажниот настан се случил нешто по 15:00 часот. Покојната жена под засега непознати околности паднала од балкон од стан на третиот кат на улицата „Синдика“, при што го загубила животот.
На местото на настанот излегла Итна помош коија ја констатирала смртта, а според досегашните докази не се видливи траги на криминално дејство.