Тажни вести пристигнуваат од Израел. Поранешниот репрезентативец на оваа земја, Гади Кинда, почина во 31. година од животот, јави клубот Макаби Хаифа.

„Управата на Макаби изразува најдлабоко сочувство за семејството и блиските на Гади. Се молиме повеќе никогаш да не доживееме ваков траорен момент“, стои во соопштението.

Кинда почина како последица на компликации од канцер, но повеќе детали не се познати. Во текот на кариерата играше за Ашдод, Беитар Ерусали и Макаби од Хаифа, а четири години беше дел и од американскиот Спортинг од Канзас Сити.