Започна судењето на Турчинот Алсaн Левант кој ја предизвика сообраќајната несреќа во Германија пред скоро три години, кога загина познатиот српски пејач Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ.

Семејството Шаулиќ, вдовицата Гордана, како и децата Михајло и Санела, како и синот на клавијатуристот, присуствуваат на судењето.

Семејствата на трагично загинатиот Шабан и Мирсад по три години се најдоа очи во очи со Левент, а во судницата се појавиле неми од болка.

Турчинот осомничен за убиството влегол во судницата со капа на глвата и цело време држел тетратка пред себе за да не ги погледне семејствата.

Вдовицата на Шабан, како што и претходно изјави, многу е тешко после три години повторно да мора да поминува низ истата агонија.

Судењето би можело да биде завршено денеска, со оглед на тоа дека Турчинот ја признал вината.

Според Дојче Веле на српски јазик, казната за овие околности е до 5 години затвор, вели обвинителот, истакнувајќи дека го почитува фактот што обвинетиот ја признал вината, се покајал и повеќе или помалку бил ресоцијализиран.

Обвинителството бара затворска казна од 3 години и 2 месеци, а на обвинетиот да не му биде вратена возачката дозвола по истекот на казната.

Да потсетиме, Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ загинаа на 17 – ти февруари 2019 година, по настап во еден германски град.