Поранешниот кошаркар на Црвена звезда Владимир Машуловиќ (39) е пронајден мртов.

Безживотно тело на поранешен играч на црвено-белите е пронајдено во близина на тениските терени во Нов Белград, пишува Телеграф.

Случаен минувач го видел безживотното тело и веднаш ја известил полицијата, а случајот набрзо стигнал до Обвинителството.

Телото веднаш било испратено на обдукција, по што ќе се утврдуваат причините за смртта.

Loading...

На телото на несреќниот поранешен кошаркар немало видливи повреди кои би укажувале на насилна смрт.

Loading...