Светскиот рекордер во маратон во машка конкуренција, Кениецот Келвин Киптум (24) загина во сообраќајна несреќа во неговата родна земја, потврди за Би-Би-Си службеник во атлетика од Кенија.

Тој загина заедно со неговиот тренер, Руандецот Жервеис Хакизимана во автомобил на пат во близина на градот Елдорет.

Киптум се појави во 2023 година како ривал на неговиот сонародник Елиуд Кипчоге.

Тој го собори светскиот рекорд на Кипчоге во Чикаго минатиот октомври, трчајќи 26,1 милји за два часа и 35 секунди.

Само минатата недела, неговиот тим објави дека ќе се обиде да ја истрча растојанието за помалку од два часа на маратонот во Ротердам – ​​подвиг што никогаш не бил постигнат на отворена конкуренција.