Хрватската писателка Ведрана Рудан објави дека боледува од рак.
Таа го напиша текстот „Ракот и јас“ во кој откри како се справува со дијагнозата.
„Имам седумдесет и пет години, многу мои врсници немаат рак, тие се здрави, во полна форма, а јас, a јас… Не ни верувам дека треба добро да милсите и дека сè ќе биде во ред, не се заморувам со тоа. Што ме одушеви овие деновим зошто сум среќна? Преку ноќ дознав колку мојот сопруг и јас имаме пријатели, вистински пријатели, феноменални луше. Моја пријателка од детството ми вети фека ќе ми го организира погребот, мојата пепел, иако со закон е забрането, ќе ја фрли во море на за нас омилената плажа во Мошќеничка Драга“, напиша меѓу другото.
Таа вели дека и денеска ќе престане да блогира и ќе се посвети на лекување, по што ќе напише книга за тоа.
„Додуша, тие книги имаат смисла кога ќе умре авторот, сè друго не е напнато. За жал, не можам да ви кажам дали ќе умрам, сигурна сум дека има шанси. Одамна ми е јасно дека ние „сите сме смртни, па не се грижам за смртта или „борбата“, ниту верувам во хепиенд. Јас не знам дали денес и овде хепиенд е живтот или смртта, па мојата приказна полесно ми паѓа“, објави Рудан.