Македонија загуби од Австрија со 1-3, а стрелец на третиот гол, Марко Арнаутовиќ, откако ја затресе мрежата, наместо да се радува, реши вербално да се пресмета со Егзон Бејтулаи, навредувајќи го на национална основа. На неговите соиграчи не им беше јасно што се случува и одвај го смирија Арнаутовиќ, објави Спортманија.
„Је.. сам ти мајку“, можеше да се прочита од усните на фудбалерот со српски корени, кого соиграчите мораа да го смируваат за да не дојде до посериозен инцидент.
Не е јасно кон кого беа упатени навредите (во тој правец каде беше свртен се наоѓаше Бејтулаи), но како и да е, ваквото срамно однесување е недолично за еден професионален фудбалер, особено со искуство како 32-годишниот Арнаутовиќ.