Катарците се следниот противник на Македонија, а ако се суди по изданието против Холанѓаните, за нашиот национален тим следи многу тешка средба. Африканците до крајот ја мачеа Холандија која едвај победи (38-37).

На три секунди пред крајот, Катар имаше реми. Холанѓаните изведоа чудо, погодија со звукот на сирената, а Веселин Вујовиќ не можеше да верува што се случува на теренот. Судиите прегледуваа и ВАР-снимка за регуларноста на голот, но се покажа дека се е чисто.

Втората фаза на СП 2025 за Холандија и за Катар продолжува за два дена. Катарците играат со Македонија, додека Холанѓаните се соочуваат со Франција.