Вработена во зоолошката градина Надерман во Делбрик (Северна Рајна-Вестфалија) сакала да го исчисти живеалиштето за тигри вчера наутро – што била нејзина рутинска работа.

Сепак, според портпаролот на полицијата, жената не забележала дека вратите меѓу преградите во кафезот се оставени отворени.

Еден од опасните тигри успеал да влезе во оградениот простор и ја каснал чуварката по рамото, објавува „Билд“.

„За среќа, тигарот брзо се откажа и ја пушти“, изјави портпаролот на полицијата.

Тешко повредената, триесет и тригодишна жена е пренесена во болница, каде што е задржана на лекување.

За среќа, повредите што ги претрпела не се опасни по живот.