На социјалните мрежи се појави снимка која наиде на голем интерес во јавноста, а за која не може со сигурност да се каже точно е направена или поточно во која зоолошка градина.

Имено, на видеото може да се види момче на возраст од околу 10 години, кое за малку ќе беше повредено откако се обиде да нахрани жирафа во присуство на две ворасни лица, најверојатно негови родители.

Откако жирафата го дофати големиот лист кое и го даде детето, таа ја крена главата, а момчето продолжи да се држи за тврдиот лист, па само навремената реакција на возрасните лица спречија несакан епилог кој можеше да заврши дури и трагично.

Жирафата е највисок цицач во светот. Растот на жирафата може да достигне пет и пол метри, а некои поединци растат над 6 метри. Должината на вратот сочинува една третина од целата висина. Возрасна може да тежи до два тони, додека просечната тежина на жирафа се движи од 500 до 1.900 кг.

Во продолжение погледнете го видеото: