Пријателите и познаниците на социјалните мрежи се простуваат од познатиот скопски лик Сашо Трифуновски – Глауч. На Фејсбук групата Стари Скопјани објавен е последен поздрав до Трифуновски.
– За нас помладите скопјани, Глауч беше врв со сите негови пороци и проблеми. Скопје 90-ти не може да биде без Глауч, нека му е лесна земја, напиша Бранко Георгиевски на социјалните мрежи.
– Ах Глауч, не требаше вака рано без поздрав и без добитно ливче да заминеш. Најпозитивнио скопски лик отиде кај Свети Петар. Чувај една маса таму во ќошот да пиеме по една. Поздрави ги Зеко и Пиже. Нека ти е лесна земјата, ќе останеш засекогаш како светол лик во нашите срца, се вели во еден од коментарите.
Погребот е во вторник во 11 часот на гробиштата во Бутел.