Најскапото сирење во светот е српското магарешко сирење и неговата цена е 1.300 евра за килограм. Ова исклучително магарешко сирење се прави во Србија според традиционален рецепт кој се пренесувал низ вековите.
Молзењето се врши трипати на ден, исклучиво рачно. Со оглед на тоа што во текот на овој процес се произведуваат само мали количини млеко, сирењето е исклучително вредно. Неговата цена достигнува и до 1.300 евра за килограм, а причината за ова лежи во исклучително ограниченото производство и специфичниот метод на добивање млеко.
За еден килограм магарешко сирење се потребни дури 25 литри млеко. Поради ваквите ограничувања, вкупното годишно производство се мери во само неколку десетици килограми.
Магарешкото млеко е познато по својата хранлива вредност – содржи околу 60 пати повеќе витамин Ц од кравјото млеко, а има минимален процент на масти. Литар од ова млеко чини приближно 6.000 динари, пишува српски Блиц.

