Пицеријата Мона Лиза во Карловац стана вирален хит откако измислија пица од еден метар.

Но, зад таа пица се крие интересен трик. Имено, кој ќе успее да изеде една таква пица без да му остане ништо, ќе добие дури илјада евра од сопственикот.

Дури 41 лице се обиделе и не успеале, а потоа на 42-риот му се посреќило. Познатата пица ја изеде хрватскиот ММА борец Антонио Челиќ од Загреб.

Антонио е брат на попознатиот борец Патрик Челиќ, а за 53 минути заработил илјада евра и со полн стомак си заминал дома во Загреб.