Џесика Енслоу (46) има богат семеен живот, но во последните години се посвети и на социјалните мрежи каде се занимава со убавина и спорт. Првото дете го родила во 1994 година кога имала само 19 години.
Набргу потоа, во 1996 година, Џесика стана мајка по втор пат, на 21-годишна возраст. Во следните 19 години родила уште пет деца и се омажила по втор пат. Најмалото дете во семејството е родено во 2013 година.
Со седум деца, или 4 сина и три ќерки на возраст од 7 до 26 години, Џесика создава онлајн содржини, а во меѓувреме лансираше и козметички бренд.
Четирите најстари деца се од првиот брак, другите три од вториот.
Џесика може да се пофали со својот младешки изглед поради што луѓето често мислат дека нејзините ќерки се всушност нејзини сестри.
Кога и да објавува фотографии на социјалните мрежи, во придружба на нејзината 22-годишна ќерка Алис, корисниците на Инстаграм забележуваат дека двете жени повеќе личат на сестри отколку на мајка и ќерка.
Важноста на спортот ја сфатила по првото раѓање, кога не можела да носи никакви панталони. Потоа решила да се врати на старата тежина по секое дете, објавила на мрежите.
Целото семејство ја поддржува во вежбањето и рутината, а резултатите се очигледни. Таа стана пример за многу мајки кои имаат и напорен распоред.
„Некогаш јадев Нутела, тост и банани“, изјави таа на социјалните мрежи. Но, потоа почнала да губи контрола, па решила да го промени начинот на живот и исхрана.
Џесика ја посетува теретаната три пати неделно додека нејзините деца се на училиште, а секој понеделник наутро се буди рано за да ги прави традиционалните кардио тренинзи.
– Прави се’ што можеш – е нејзиното животно мото.