За исчезнувањето на Матеј Периш се зборува во целиот регион, а детективот Угљеша Гргур вели дека најверојатно се работи за несреќен случај.
Хрватскиот државјанин Матеј Периш исчезнал во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември и оттогаш трае полициската потрага по него, а бидејќи бил снимен покрај реката, во потрагата се вклучени и нуркачи.
Целиот регион е на нозе додека трае потрагата по исчезнатиот сплиќанец, а во таа прилика на ТВ Прва гостуваше детективот Угљеша Гргур кој рече дека ќе им биде исклучително тешко да го пронајдат откако истрагата започнала на шестиот ден. Според него, младото момче најверојатно паднало во вода.
„Го видовме како трча изгубен, дезориентиран, веројатно има консумација на алкохол и којзнае какви опијати. Не знаеше ниту каде е, ниту каде оди, а стручно гледано – се води како исчезнато лице додека не го најдат“, вели Гргур.
Според него, не станува збор за злосторство, ниту обид за самоубиство, туку чиста несреќа.
„Мислам дека листингот на телефонот не може да и помогне на полицијата. Момчето е прв пат во градот, немаше непријатели, тоа е само несреќа. Не гледам ништо спорно овде во овој случај. Суштината е дека најверојатно паднал во вода, во 90% од случаите се пронаоѓа телото на давеникот“, додаде Гргур.
Детективот вели и дека таксистот, на кого Периш налетал, не може да помогне во истрагата.
„Треба да се погледне вистината во очи, да е жив – полицијата ќе го најдеше на таа локација, ќе се јавеше, не дојде во Белград да бега и да се крие, туку еве – според мене заврши трагично за него“, заклучи Гргур.