Не стивнуваат реакциите во јавноста по ненадејната смрт на 23-годишната популарна тиктокерка Дијана Де Марко.

На оваа социјална мрежа ја следеа 120 илјади фанови и важеше за една од највпечатливите инфлуенсерки на овие простори.

Веста за нејзината смрт ги погоди сите, а сега се огласи и нејзиното поранешно момче.

„Се’ што имам да кажам е дека животот е непредвидлив. Во животот се случуваат и убави и грди работи. Едноставно, ете, би сакал да ѝ се заблагодарам на Дијана што ја познавав и што беше дел од мојот живот. Имам потреба да ви кажам дека повеќе ја нема и дека се’ ќе биде добро и дека јас сум ок. Жалосно е што млади луѓе го напуштаат овој свет. Сите имаме свое време и ѝ благодарам на времето и на моментите, на спомените кои ги преживеав со неа. Нека почива во мир“, изјави тиктокерот Паоло.

Дијана почина утрово во Загреб, а причината за смртта се’ уште не е позната.