Една од нашите најпознати инфлуенсерки Марис Џолин вчера го кажа судбоносното „Да“ на своето момче, музичарот Панче Касапски.

Нивната интимна венчавка се случи во манастирот Бигорски, а на неа присуствуваа само нивните најблиски роднини и пријатели.

Како што успеавме да дознаеме, парот воопшто не сакал да се создава помпа околу нивната венчавка и токму поради тоа избраа овој ден да го направат надвор од нашиот главен град или пак од нивниот роден град – Штип.

Инаку Панче и Марис веќе неколку месеци живеат во Шведска, каде Панче работи како наставник по музика.