Американските разузнавачки агенции му предложиле на американскиот претседател Џо Бајден неколку опции за извршување масовен кибер-напад, со кој „ќе ја спречи Русија да продолжи со операциите во Украина“, изјавија четири извори за Ен-Би-Си Њуз.
Според нив, на Бајден му било понудено да користи американско кибер-оружје „од невидени размери“. Конечната одлука, како што соопштија двајца американски разузнавачи, се уште не е донесена.
Меѓу споменатите опции се прекинување на интернет конекциите во Русија, прекин на струја и попречување на работата на железницата за Русија да не може да ги снабдува своите сили.
„Можеме да направиме се – од успорување на возовите до нивно симнување од шините“, рече еден извор за медиумот.