Руската морнарица ги уби сите украински војници на Змискиот остров, протече аудио комуникација

Островчето се наоѓа во близина на границата меѓу Романија и Украина, а Русите го нападнаа во текот на попладневните часови.

Во медиумите протече и радио комуникацијата на командантите на руските и украинските трупи.

На снимката најпрво се слуша припадник на руската армија:

„Ве повикувам од руски воен брод. Ви предлагам да го оставите оружјето и да се предадете за да избегнете крвопролевање и непотребни жртви. Ако не се согласите, ќе отвориме оган“.

Одговорот на Украинците беше краток:

„Порака до рускиот воен брод – еб*те се!

Зеленски потврди дека сите војници загинале бранејќи го островот.

„Сите бранители на Змискиот остров се бореа колку што можеа. Тие загинаа херојски. Сите ќе бидат постхумно одликувани. Засекогаш ќе се сеќаваме на сите оние кои ги дадоа своите животи за Украина“, рече Зеленски.