На социјалните мрежи се споделуваат страшни слики и видеа од Украина каде втор ден се водат борби по нападот на руската армија врз оваа земја.
Едно видео кое стана вирално покажува една постара жена која се спротивстави на руски војник, барајќи од него да знае што прави во Украина.
До вчера загинаа 137 украински државјани, војници и цивили, а најмалку 316 лица се повредени. Експлозиите одекнуваат низ Киев, каде прелетуваат и руски авиони, а еден од нив се срушил и уништил станбена зграда при падот.
Руските тенкови се пред портите на Киев, а Украинците урнаа мост за барем да ги забават Русите во напредокот, јавуваат светските агенции за состојбата во Украина, која прогласи општа мобилизација.
Една од снимките од она што се случува во Украина го обиколи светот и е направена во регионот Керсон во пристанишниот град Хеническ. На него се гледа жена која разговара со војник во руска униформа.
Се слуша како гласно го прашува: „Што правите во нашата земја?“. Војникот, на кој воопшто не му беше пријатно од прашањето, се обиде да ја смири, по што таа заминала, но потоа се свртела и му кажала уште нешто:
Ukrainian woman confronts Russian soldiers in Henychesk, Kherson region. Asks them why they came to our land and urges to put sunflower seeds in their pockets [so that flowers would grow when they die on the Ukrainian land] pic.twitter.com/ztTx2qK7kB
— UkraineWorld (@ukraine_world) February 24, 2022
– Стави во џебовите семки од сончоглед во џебовите, така да израстат на украинска почва кога ќе загинеш.
Видеото се прошири на мрежите, а потоа следеа бројни коментари во кои луѓето ја фалат храброста на оваа жена и разбирањето на нејзиниот гнев.
Подеднакво шокантно видео стигна и од границата на Украина, од Змискиот остров, каде беа убиени сите граничари кои беа таму. По ужасниот напад објавена е и радио комуникацијата на командантите на руските и украинските сили.
На снимката прво се слуша припадник на руската армија:
– Се јавувам од руски воен брод. Ви предлагам да го оставите оружјето, да се предадете и на тој начин да избегнете крвопролевање и непотребни жртви. Ако не се согласувате, ќе ве бомбардираме –велат Русите.
Украинците потоа одговараат кратко и јасно: „Е*ете се“. Ниту еден од 13-те војници не преживеа.