Живеев нормален живот, а потоа нападнаа Русите. Мораш да направиш нешто, да земеш пушка и да научиш да пукаш, изјави за Си-Ен-Ен Кира Рудик, пратеничка во украинскиот парламент.

„Путин не’ потцени“

Таа на социјалните мрежи објави фотографија со пушка.

„Нашите жени ќе ја штитат нашата земја на ист начин како и нашите мажи“, напиша Украинката на Твитер.

Вчера се рашири снимка на која се гледа како војската им дели оружје на граѓаните.

„Ова е наш град, наша држава. Ние остануваме“

Министерот за одбрана Резников рече дека оружјето ќе биде дистрибуирано до сите ветерани и волонтери кои се подготвени и способни да ракуваат со него.

На снимката се гледа дека немало проверка, туку дека оружјето само им било поделено на луѓето.

– За мене е лудо и необично да сфатам дека држам пиштол и дека сум подготвена да носам оружје, подготвена да одам да пукам во луѓе – рече украинската пратеничка и додаде:

– Путин не’ потцени. На секој чекор нашите војници му даваат силен отпор, луѓето се вооружуваат, се борат за секоја педа од нашата земја. Ние не заминуваме. Ова е наш град, наша држава. Војниците на Путин нема да ни кажуваат како да живееме.