Страшна несреќа се случила попладнево на магистралниот пат М-17 во босанскиот град Зеница, во која учествувале патничко моторно возило и автобус. Во сообраќајката загинале две лица.
Според дежурниот службеник во Оперативниот центар на МВР (МВП) на Зеничко-добојскиот кантон (ЗДК), во несреќата се повредени повеќе лица.
Очевидец тврди дека дошло до директен судир на патничкото моторно возило и автобус.
– Престигна, а потоа се движеше лево- десно на патот. После тоа со страничниот дел од автомобилот удри директно во автобусот. Возачот и совозачот починале на лице место – вели очевидец на несреќата за босанските медиуми.
Автобусот за среќа бил без патници, а возачот поминал без повреди.
Но, возачот и совозачот на автомобилот „Сеат“ со хрватски регистарски таблички, починале на лице место.
📸
📸