Дваесет и двегодишна девојка, која е полицајка, синоќа околу 22.45 часот е ранета со истрел од пиштол на улицата „Сава Ковачевиќ“ во Ниш, јавуваат дел од српските медиуми, пренесува Блиц.рс.

– Таа била ранета во градниот кош од истрел кој, како што објавија некои медиуми, сама го испукала. Автомобилот во кој се води увидот е цивилен, па може да се претпостави дека девојката не била на должност, додека според неофицијални информации во возилото имало маж кој исто така по професија е полицаец, пишува Блиц.рс.

Ранетата девојка е пренесена во Ургентниот центар на Клиничкиот центар во Ниш, каде е згрижена и според првите информации е надвор од животна опасност, но точниот степен на повредите ќе се знае по завршување на дијагнозите.

Исто така, се очекува ранетата девојка да биде и оперирана. Полициски форензичари извршија увид на лице место за да утврдат што се случило, дали девојката сама се застрелала во градите или станува збор за нешто друго.

📷