Кандидатката на популарното хрватско шоу „Господин Совршен“, Оливера Матијевиќ (32) на почетокот на кариерата пееше рок музика, а потоа премина во турбофолк водите.
– Причината за префрлање на фолк беше исклучиво поттикната од моите чувства кон музиката и секогаш го слушав срцето, објасни таа во неодамнешното интервју за RTL.hr.
Денешната бринета, во 2015 година, на фолк сцената зачекори како русокоса.
Фолкерката ја поврзуваа со колегата Дарко Лазиќ (30), а најверни обожаватели и се фудбалерите на кои често им пее на приватни забави.
Гледачите најмногу ги интересираше нејзиниот сегашен изглед, па веќе ја нарекоа „хрватската Ким Кардашијан“, а дел од нив веќе ја сподеруваат со српската фолк дива Цеца, како и моментално една од најбрзорастечки пејачки ѕвезди во регионов, Теа Таировиќ.
– Сигурно сум импресионирана од таквиот епитет, иако морам да нагласам дека Ким има вградено силикони, а јас сум природна, односно задникот ми е природен. Но, сакам сите да ме знаат како Оливера Матијевиќ – вели пејачката.
По влегувањето во шоуто, гледачите забележале сличности со претходната победничка Хана Родиќ (25) која се уште е во среќна врска со првиот „Господин Совршен“.
Хана користи филери, а не е тајна дека Оливера ги зголемила усните.