Познатиот музичар Нихад Кречо почина во Сараево на 44-годишна возраст, објавуваат босанските медиуми.
Музичарот Нихад Кречо беше болен веќе многу години. Неговата состојба се подобри и се веруваше дека тој ќе ја добие својата битка. За жал, тажната вест ја потврди неговата мајка утрово.
-Ова е голема загуба за БиХ, за целата музичка сцена. Во својата богата кариера, Кречо соработуваше со многу познати музички имиња на нашата естрада, пишуваат тамошните медиуми.
Нихад Кречо се школувал во Сараево, каде што дипломирал на Музичката академија на Универзитетот во класата на проф. Неде Станковиќ. Специјализирал во текот на 2000/2001 година на Кралската академија во Стокхолм, во класата на проф. Стефан Линдгрен. Освои три први награди на студентски натпревари во БиХ.
Има одржано концерти дома и во странство (Шведска, Чешка, Израел, Грција, Канада, Франција и Германија, Турција) и има настапувано со Сараевската филхармонија.
Посетувал мастер класи во Грција, Швајцарија, Израел, Канада и Шведска, во класите на Ален Лефвр, Виктор Розенбаум, и Август Хаубо. Во текот на летото 2002 година, тој посетувал летна школа на Американскиот конзерваториум во Фонтенбле (Франција), во класите на проф. Фредерик Агаси, Филип Бјанкони и Ксу Жанг.
Постдипломските студии ги заврши во 2006 година во класите на проф. Неде Станковиќ и проф. Борис Краjeевиќ. Бил вработен на Музичката академија на Универзитетот во Сараево како вонреден професор по главниот предмет пијано.