Денеска е 1 април, Светски ден на шегата. Во денешно време, триковите кои може да направат повеќе штета отколку смеа и лажните вести речиси веднаш се откриваат, штом ќе се сетите на датумот. Сепак, тоа не беше секогаш така.
Не се знае точно кога правењето шеги стана обичај на 1 април, многу експерти веруваат дека тоа започнало во Европа кон крајот на средниот век како „Денот на сите луди“, но во поновата историја медиумите се чини дека имаат значајна улога – барем во пласирањето шеги, кои што станаа легендарни затоа што милиони луѓе наседнаа на нив.
Војна на световите
Одлична, иако ненамерна шега од 1938 година докажува дека е многу лесно да се збунат масите кои не слушаат внимателно што се зборува на радио. Орсон Велс предизвика масовна паника во САД со радио драмата на Х.Г. Велс „Војна на светови“, кога предизвика масовна паника во САД, бидејќи слушателите навистина поверувале Хдека светот го нападнале вонземјани. . Американците не се смирија ниту по серијата предупредувања дека се работи исклучиво за фикција и радио драма. Се проценува дека околу 1,7 милиони луѓе ја сфатиле приказната „здраво за готово“.
Шпагети од дрво
На 1 април 1957 година, Би-Би-Си емитуваше извештај за емисијата Панорама за едно семејство од Тичино, Швајцарија, кое одгледува дрвја на кои растат шпагети. Во центарот на извештајот беше жена која бере шпагети од дрво. Гледачите го преплавија BBC со писма и телефонски повици по емисијата. Сакале да знаат каде можат да набават дрво со шпагети.
Хамбургер за левучари
Во 1998 година, Бургер Кинг објави оглас во весникот USA Today за „Left-handed Whopper“, хамбургер кој е специјално направен за левучари бидејќи состојките од хамбургерот при конзумација капе на страната што ги погодува левучарите. Откако левораките побрзаа во рестораните, Бургер Кинг призна дека само се шегува и дека во меѓувреме добил илјадници нарачки за хамбургер кој одговара на десничарите.