Познатата пејачка и претседателката на Здружението „Борка“, Биба Додева, повторно се заколна на вечна љубов.
Среќната вест која навистина ги изненади фановите ја сподели нејзината долгогодишна блиска пријателка и соработничка, поетесата Ана Бунтеска.
„Бибо моја, вечна љубов, ве сакам. Да се чувате и да си бидете столб еден на друг. Душава полна“, напиша Бунтеска на „Фејсбук“.
Биба која вчера наполни 47 години веќе е реализирана мајка и баба.