Популарната српска водителка и новинарка Ксенија Бујишиќ вчера го роди своето второ дете, синот Данило.

Поради ризичната бременост таа мораше да помине неколку недели пред породувањето во болницата „Народен фронт“ во Белград, па иако момчето е родено пред закажаниот термин, за среќа, се поминало во најдобар ред.

По породувањето, водителката се огласи на Инстаграм каде напиша: „Данило е нашето чудо“. Бујишиќ ја има и ќерката Лора, по која веднаш решила да продолжи да работи на проширување на семејството.

Убавата водителка во минатото имаше проблем со анорексија, болест со која на крајот успеа да се справи.

Во една прилика ја отвори душата и открила дека додека боледувала од оваа опасна болест имала само 37 килограми, па се чувствувала како да нема ни атом сила.

– Јадев само еднаш во неколку дена, па телото ја губи потребата за храна и немав апетит. Кога ја сфатив сериозноста на ситуацијата, сфатив дека морам целосно да ја искоренам. Се онесвестував и секогаш кога тоа се случуваше се грижев за тоа следните неколку дена и потоа се враќав на истото. Многу неодговорно се однесував кон она што ми е најважно, а тоа е моето здравје, изјави тогаш Ксенија.

Како што открила тогаш, нејзината болест не била резултат на диета.

– Никогаш не држев диети бидејќи никогаш немав проблеми со тежината. Секоја девојка сака да изгледа слабо, но има тенка линија кога ќе се лизнете од таа нормална тенкост во болест. Многу е тешко да се ослободите од било која болест, а камоли од онаа што е поврзана со психата, заклучи водителката која после тоа на Инстаграм се пофали дека по долго време повторно има 40 килограми:

– По долго време вагата покажа 40 килограми. Доказ дека кујната на баба и упорноста на дедо се решение за се. Анорексијо, пробај некој друг пат, бидејќи оваа рунда е моја, напиша тогаш убавата водителка.

📸

📸