Голем инцидент се случи на тренинг на бразилската фудбалска репрезентација. Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор и неговиот колега кој ги брани боите на премиерлигашот Евертон имале жестока пресметка на тренингот по која морале да интервенираат соиграчите.
Иако првично не беше познато што го предизвикало овој инцидент, сепак Ришарлисон ги загубил нервите и тргнал да се пресмета со својот помлад колега поради провокации.
Ришарлисон призна дека збеснал, а ги откри и причините:
„Ми кажа дека не можам да ја освојам Лигата на шампионите, а јас молчев. Потоа ми рече дека сум преценет, и тогаш молчев. Исто така молчев и кога ми рече дека Евертон ќе испадне идната сезона. Но кога ми кажа дека Лукаку е подобар од мене, е тогаш ми попуштија нервите“, изјави Ришарлисон.