Кристијано Роналдо го постигна својот прв гол откако пристигна во Саудиска Арабија.
Се играше 34. минута од натпреварот помеѓу комбинираниот тим на Ал Хилал и Ал Наср против ПСЖ, кога Португалецот реализираше пенал кој претходно самиот го доби.
Роналдо скокна високо во шеснаесетникот на ПСЖ, Кејлор Навас несовесно реагираше и го удри во глава. Претходно, ПСЖ поведе со голот на неговиот најголем ривал Лионел Меси, кој погоди во 3. минута.
Ова е веројатно последниот дуел на двајцата фудбалери кои ги одбележаа последните 15 години.
First goal for Cristiano Ronaldo in Saudi Arabia 🔥#Ronaldo pic.twitter.com/a48mCBZvSz
— ' (@ffsdiv) January 19, 2023