Пејачот Никола Грујиќ синоќа во Белград се здобил со телесни повреди. Поранешниот „задругар“ и пејач пред една белградска кафеана, дознава Телеграф.рс.
Инцидентот се случил по полноќ, а во тепачката учествувале повеќе лица. Во таа прилика и Никола добил ќотек и повреда на главата. Причината за тепачката, наводно, е тоа што одбил да продолжи да пее.
На Грујиќ му била укажана лекарска помош на УЗ каде му биле констатирани полесни физички повреди.
Како што дополнително дознава Телеграф.рс, тој бил сослушан во белградската полиција каде рекол дека бил нападнат пред кафеана и дека бил претепан од неколку лица, со раце и нозе. Неофицијално, тој не можел да ги опише напаѓачите.