Полната месечина во април претставува една од најубавите фази на месечината која ќе биде видлива, а розова се нарекува токму поради тоа што април е месец на цутењето…

Оваа розова месечина навестува период на исполнување на соништата и зацврстување на личните односи. Прочитајте во продолжение кои хороскопски знаци ќе имаат голема среќа за време на розовата априлска Месечина.

Близнаци

Априлската полна Месечина ќе ви влијае позитивно на љубовен план, но и ќе ви помогне да пронајдете ново хоби. Освен тоа, најверојатно ќе имате вишок на енергија што можете да го искористите за спортување или за која било друга физичка активност. Доколку не сте во врска, ова ќе биде совршен период да ја најдете вашата сродна душа.

Девица

Ќе имате можност за зголемување на приходите, а некои од вас и ќе почнат со нова работа. Оваа полна Месечина ќе биде одлично време да направите анализа на вашиот буџет и да заработите повеќе. Покрај тоа, ќе биде добар период и за барање подобри можности.

Вага

Ова ќе биде ваше време. Доколку досега работевте на одредена задача, постојат големи шанси дека во овој период ќе успеете да ја завршите. Не губете време и дадете сè од себе.

Скорпија

Ќе почувствувате потреба да направите чекор назад и да го забавите вашиот пристап кон нештата. Оваа априлска Месечина ќе ве поттикне да паузирате за момент и да престанете да размислувате на вашите проблеми. Ова ќе биде и идеално време за да си обратите повеќе внимание себеси и на сопствените потреби.

Јарец

Полната Месечина во април ќе ви донесе можност за развој во кариерата. Тоа значи дека ќе добиете унапредување или нова понуда за работа. Затоа, за време на оваа лунарна фаза добро би било да ја анализирате пошироката слика и да го земете предвид сето она што сте го постигнале досега.