Налепниците на бананите и останатото овошје кријат важна порака. Дали знаете што значат?

Сигурно сте забележале на бананите, но и на другите овошја залепени налепници на нивната кора. Луѓето главно ги вадат пред да го јадат овошјето, па не обрнуваат премногу внимание на нив.

Меѓутоа тие можат да носат важна порака. Освен името на произедувачот, на декларациите постојат и правилници за квалитетот, но таму треба да има и броеви кои пред сè откриваат на кој начин тоа овошје е одгледувано. Oва се некои од значењата на тие броеви.

Четири броеви на налепницата

Доколку на декларацијата покрај името на произведувачот гледате и четири броеви кои почнуваат со бројот три или четири, треба да знаете дека бананата (или некое друго овошје) е одгледувана со вештачко ѓубриво. Па така, на пример лимонот е означен со бројот 4033, додека пак бананите ги имаат броевите 4011.

Пет броеви

А, доколку на намирницата гледате декларација со пет броеви, од кои првиот е бројот 9, треба да знаете дека тоа е од органско потекло, поточно дека не е прскано со пестициди и природно е одгледано.

Првиот број е осум

Почетниот број на декларацијата осум ви испраќа предупредувачка порака, а тоа е дека таквата намирница е генетски модифицирана (ГМО). Таквите банани имаат на себе број 84011. Инаку, ГМО се организми чиј генетски материјал е сменет со користење на различни методи на генетско инженерство и тоа најчесто со додавање делови од наследен материјал ДНК од еден организам во ДНК на друг организам.