Најдоброто е Софија Вергара… 51 годишната колумбиска ѕвезда се погрижи да им „надомести“ на своите онлајн пријатели со една многу секси фотографија која ја прикачи на својот Инстаграм. Ѕвездата на Modern Family позираше со лицето надолу но она што нејзините следбеници го забележаа беа нејзините минијатурни бикини.
Иако смета дека физичката активност е вредна за менталното и физичкото здравје, таа смета дека смеата е најдобар лек. „Не ми е гајле дали изгледам глупаво или грдо. Ова е мојот начин на забава. Без постојано да размислувам дали мојата коса е совршена. Ако се ослободиме од нашите несигурности, секој од нас може да биде забавен“.
Вергара за прв пат се омажила во 1991 година, но бракот траел само три години. Многумина ја сакаат поради нејзината харизма, пристапност, смисла за хумор, но и интересен стил на облекување. Би можело да се каже дека кај неа е јасно изразена границата меѓу класиката, елеганцијата и опуштениот стил, па во зависност од ситуацијата можеме да ја видиме во сите три верзии.