Вчера доцна попладне во СВР Битола е пријавено дека во отворениот градски базен, познат како Олимпискиот базен под Тумбе кафе во Битола се удавил шпански државјанин на возраст од 22 години.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола. Несреќата се случила околу 17 часот, а безуспешни биле обидите на лекарите од Итната помош за негова реанимација, по што е констатирана смрт кај младиот шпански државјанин кој престојувал во Битола.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата во Олимпискиот базен на градското Шеталиште, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција за да се утврдат причините и околностите за овој трагичен настан.