Наида Муртиќ, сараевката со адреса во Шведска, мајка на два сина, ја загуби битката со ракот на дојката на 33-годишна возраст. Ова на Инстаграм го објави нејзината сестра Емина Фајиќ (27).
– Нашата свила, сестра ми Наида Муртиќ, родена како Хрустановиќ, рано утрово се врати кај својот Господар. Беше родена за да биде сакана, пример за добра ќерка, сестра, сопруга и најубава мајка.
Часот на нејзината смрт е запишан уште пред болеста што ја снајде и благодарни сме што ова искушение нè приближи до Господа, до нашата прекрасна религија ислам, таа се покри и ги помина своите последни мигови во свеста на овој свет споменувајќи и величајќи го неговото име – напишала меѓу другото, сестрата на Наида, Емина, која додала дека погребот најверојатно ќе се одржи во вторник во Шведска.
Сестрите Наида Муртиќ и Емина Фајиќ за неполн месец дознаа дека ја делат истата судбина. Неполн месец откако дознала дека Наида боледува од рак на дојка, истата дијагноза ја добила и нејзината сестра.
Нивната борба е инспирација за многу жени кои се борат со истата дијагноза.