Роднини на петнаесетгодишната Ана Марија Ѓореска, на фејсбук бараат помош за да го пронајдат девојчето.
„ Нема ни траг ни глас од неа од вчера вечерта околу 19 часот. Полициска екипа е во потрага по неа. Последен пат била видена на постојка Ропотово, чекала превоз, не е видена со што возило е тргната и каде. Доколку некој ја препознае и види, ве молиме известене нѐ. Девојчето е од село Песталево-Ропотово. Однапред ќе ви се заблагодарам доколку примиме убави вести. На 15 годишна возраст е, малолетничка, не комуницира со луѓе, последно време е многу затворена“ се вели во постот на Фејсбук.