Ела Орешковиќ не крие колку ужива во летниот одмор, а нејзините нови атрактивни фотографии се забележани на социјалните мрежи. Орешковиќ, ќерка на поранешниот хрватски премиер Тихомир Орешковиќ, моментално одмара во Далмација.
На својот Инстаграм профил таа објави серија фотографии на кои позира во проѕирен фустан, а под него се истакна дводелен бел градник со цветни детали. Следбениците го пофалија нејзиниот изглед во коментарите.
Да потсетиме, Ела пеачкото деби на Дора го имаше во 2021 година кога се претстави со песната „Come this Way“, која самата ја напиша, а следната година се обиде да оди на Евровизија, со уште една авторска песна „If you go away“.
Иако не постигна забележителен успех на Дора, привлече големо внимание кај тамошната јавност, која првпат ја запозна кога татко и стана премиер во 2016 година, а во тоа време таа беше сè уште тинејџерка, а во меѓувреме прерасна во вистинска убавица.
Покрај ќерките Ела и Ема, Тихомир Орешковиќ и неговата сопруга Сања имаат и два сина Јаков и Филип.