Атрактивна, провокативна, сексапилна, се само дел од епитетите кои се лепат кога е описот на ТВ водителката Марјана Станојковска во прашање.
Ако би тебало да се дефинира нејзниниот силиски израз, тогаш тоа би требало да биде се’ што е во рамките на провокативното и женственото.
Оттука, сите оние класични изданија кои ближат со униформираност, од стилот на костум женски комплети би било чудо да бидат дел од плакарот на Марјана.
Можеби ќе речете дека нема никогаш да ја видите со едно такво костумче, закопчана до грло, без деколте и со покриени нозе од миди здолништа, но еве и тоа е можно.
Кога е дел од работата, односно од ангажманите кои ги има како инфлуенсерка на совијалните мрежи и пред камерите, Марјана знае да направи и моден преседан.
Па така, секси Марјана облече небесно син класичен комплет во кој изгледа отмено и елегантно, но бидејќи не е во нејзината стилски печат, можеби и ќе ви биде чудно да ја гледате ваква.
Работата не смее да трпи, а овој дамски изглед во твид костум ала Шанел, веројатно ќе остане како еден од ретките во нејзините јавни изданија.