Се самоуби спортистот Роберт Стефановиќ, објави доцна вечерва српски „Блиц“. Станува збор за 33- годишен таеквондист.
Пошироката јавност го знае како поранешно момче на Тара Симов, ријалити ѕвезда од српските реални шоуа која има македонско потекло, односно е ќерка на познатито фудбалски голман и македонски тренер, Горан Симов.
По трагедијата, таа се огласи на социјалните мрежи.
„Искрено сочувство до семејството Стефановиќ“, напиша Симов.
Од Роберт се прости и Филип Ѓукиќ, уште една ѕвезда од реалните шоуа.
„Почивај во мир, Роки“, напиша тој.