Познатата хрватска пејачка и претприемачка Лана Јурчевиќ на крајот на ноември го роди своето прво дете – ќерка чие име се уште не го соопштила во јавноста. Сепак, таа го навести името на девојчето и каде ја наоѓа нејзината инспирација, а очигледно тоа е многу необично, нетипично име.

Лана Јурчевиќ на Инстаграм објави фотографии од воден цвет – локва, и емотивен текст во кој признава дека нејзината ќерка го носи истото име како овој цвет. Се претпоставува дека станува збор за името Лотос или Лотус, како што се нарекува и овој цвет, иако би можело да се работи и за името Мајла, со оглед на тоа што типот на локвата од сликите на Лана се нарекува “mayla waterlily”

„Нашето девојче го има истото име како овој прекрасен и волшебен цвет што расте над водата на езерата… Всушност, дознавме дури подоцна, откако решивме дека ќе се вика така, а има толку многу сличности со тоа цвет и симболика со тоа што го поминавме ние двајца дека е неверојатно…“ напиша убавата бринета.

„Никогаш досега не сме слушнале за тоа име, а целата приказна е дотолку поспецијална. Кога ќе почнав да пребарувам на Интернет, ќе се згрчев секогаш кога ќе наидев на нешто што го објаснува или само името или цветот“, додаде таа.

Ако зборуваме за името Мајла, ова е име од нордиски корени, кое понекогаш им се дава на девојките во Финска, Норвешка, Шведска, но и Естонија. Мајла може да има повеќе значења, во зависност од јазикот со кој се поврзува или дали е поврзана со цветот лотос, па значи и „сила во битката“, „надеж“, „сакана“, „оној што ја сака водата“ , „мала убавица“, „посакувано дете“…

Ако е името Лотос, односно Лотус, тоа е име со грчко потекло и јасно се преведува како „цвет лотос“. Ова е цвет кој зазема свето место во различни култури и религии и се смета за симбол на чистота затоа што се издига и израснува од матните води, но сепак успева да остане неизвалкан и блескав. Лотосот се нарекува и цвет на животот поради неговата поврзаност со циклусот на животот, смртта и повторното раѓање.