Викендов Северина (51) имаше настап во хотел во Јахорина. Таа на социјалните мрежи го сподели најемотивниот момент од вечерта, а видеото за помалку од 15 часа од објавувањето собра над 2.500.000 прегледи и 110.000 лајкови.

– Тоа што не ме уби, нема ни да ме убие. Na njima kola nek’ se slome – напишала пејачката во описот на видеото каде ја изведува ‘Rođeno moje’, песна која му ја посвети на синот.

„Колку тага во очите и срцето, држи се Севе“, „Правдата ќе победи“, „Женска храброст“ се само дел од над 3.000 коментари за поддршка на Северина.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)

Мислеа дека нема да дојдам…

Пред настапот Северина одржа говор во кој им се заблагодари на сите кои и дадоа поддршка.

– Мислеа дека нема да дојдам, дека ќе откажам. Моја обврска и должност беше да се појавам овде денес. Четири дена не станав од кревет, а потоа станав и морав да се облечам, да се шминкам, да направам фризура и да ви се поклонам. Најпрво сакам да им се заблагодарам на малите и немоќни жени кои ми дадоа сила, како што рече претседателот на Врховниот суд, големи и моќни, што овие денови наоѓам сила секое утро да станам од кревет и лично да ви се заблагодарам на сите вас, кои ме опсипувате со неизмерна љубов – изјавила пејачката.

Веќе неколку дена во јавноста се бурни реакциите за одлуката на Врховниот суд со која се поништува пресудата за заедничко старателство на Северина и Милан Поповиќ, а детето му е вратено на таткото.