Додека некои изразуваат солидарност и ја поддржуваат слободата на избор, други се на страната на персоналот во салата.
Следното видео предизвика бура од контроверзии, а на него се гледа мексиканската инфлуенсерка Азукар Алехандра која тврди дека од неа побарале да ја напушти теретаната поради нејзиниот „непримерен“ изглед.
Таа го сподели своето искуство на мрежите привлекувајќи го вниманието на илјадници корисници чии мислења се поделени.
Жената тврди дека вработените во теретаната и кажале дека мора да облече „дополнително парче облека“, а бидејќи не сакала, да престане да вежба, по што таа се согласила.
Колку што можеме да видиме, таа носи црни хеланки и сив спортски градник.
Видеото брзо стана вирално, а додека некои изразија солидарност и поддршка за слободата на избор, други застанаа на страната на вработените во салата. Тие сметаат дека мора да се почитуваат одредени стандарди за облекување.
Споменатата сала не се огласила јавно по спорната ситуација, а дискусијата на интернет е мошне активна, јавува Lakalle Blu Radio.
Погледнете го видеото, а потоа пишете ни го вашето мислење во коментар.
Buenos días, ya fueron al gim?! https://t.co/UfOJ1eGaMr
— Momentos Virales (@momentoviralx) January 24, 2024