Софија Вергара ја игра главната улога во серијата „Гризелда“ за нарко-кралицата Гризелда Бланко, а нејзините експлицитни сцени го привлекоа вниманието на гледачите.
Споменатата серија ја режираше Андрес Баиз, а сценариото го напишаа Даг Миро и Ингрид Ескаједа. Објавен е на Нетфликс на 25 јануари и се состои од шест епизоди.
Голем број критичари го пофалија ова филмско остварување, а особено Софија. „Гризелда“ во првата недела го зазеде првото место на листата на најгледани серии во дури 89 земји.
Софија сними експлицитни сцени со колегата Алберто Гуера, кој го игра третиот сопруг на Гризелда, Дарио Сепулведа.
„Оваа епизода ми го разубави денот“, „Софија ги заслужува сите можни награди“, „Според мене, таа е најатрактивната актерка на сите времиња“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Семејството на Гризелда неодамна ги тужеше Нетфликс и Софија. Тие тврдат дека нивните ликови и интервјуа биле користени без дозвола. Тие исто така се обидоа да го спречат објавувањето на серијата.