Веќе извесен период низ белградските улици кружат гласини дека најпознатиот вдовец Зоран Марјановиќ е во врска со пејачката Индира Инди Арадиновиќ, со која имаше успешна соработка кога ги компонираше песните за нејзиниот прв албум, а подоцна хитот „Бато, бре“, кој се искачи на врвот на естрадната сцена.
– По тие информации, вчера посетивме приватен базен и се уверивме во вистинитоста на нашите наоди. Сопственикот на големите фолк хитови пристигна околу 14 часот, а првиот час го придружуваше и ќерката Јана, по што ја забележавме и пејачката која навистина се опушти и уживаше во летните привлечности, објавија српските медиуми.
Со цигара во уста се упати кон лежалката, а Зоран за само неколку минути долета до неа од другиот крај на базенот и сочно ја бакна во образот.
Двајцата не се грижеа за љубопитните погледи на присутните. Тие поминаа топло неделно попладне во разговор и флертување, а имаше и нежни допири.
Зоран и Инди очигледно не сакаат да ја кријат својата романса, па се држеа за рака пред сите, а Марјановиќ во еден момент ја погали пејачката по бутот.
Судејќи по кадрите направени од папараците, искрите меѓу Зоран и неговата долгогодишна пријателка летаат насекаде.