Мерих Демирал беше херојот на Турција во пресметката против Австрија во осминафиналето на Европското првенство, меч во кој дефанзивецот ги даде двата гола за својата селекција во славјето од 2-1.
Меѓутоа стоперот си направи проблем со прославата, гест кој се поврзува со „сивите волци“ кои се ултранационалистичка десничарка група која промовира историска надмоќ на Турците, потег за кој УЕФА отвори истрага која е затворена со санкција за одбранбениот играч.
Имено дисциплинците го санкционираа Демирал со два натпревари што значи дека ќе го пропушти соочувањето со Холандија, но и евентуалното полуфинале со Англија или Швајцарија ако избраниците на Монтела обезбедат место во таа фаза.
Средбата Турција-Холандија се игра в сабота од 21 часот, а ќе суди францускиот судија Турпан.