Застава 101, или попопуларно Стојадин, беше и остана еден од најпрепознатливите автомобили на една ера.

Zastava 101 е модел развиен врз основа на Fiat 128, а светлото на денот го виде во 1971 година.

Со својот иновативен концепт на петта врата, или комби-седан, брзо наиде на голем одзив кај домашните возачи на тогашна Југославија.

Еден од адутите на Стојадин беше цената. Според достапните извори, објавени од форумот Застава, цената на новиот Стојадин објавен во 1972 година во списанието АВТО била 40.040 динари или околу 2.084 долари. Претворено во денешните вредности, земајќи ја предвид инфлацијата, цената на автомобилот би била околу 15.500 долари или околу 15.000 евра. Ова е сумата за која денес можете да купите нов автомобил како што е Dacia Sandero.