Сопственик на оваа импресивна куќа е Дејвид Штајнер, деловен магнат кој беше извршен директор на компанија за отстранување отпад во Њу Орлеанс, а сега е во пензија.

Фотографија од недопрена куќа на брегот на Малибу, опкружена со урнатини, кој беше целосно уништен од големиот пожар во Лос Анџелес, го обиколи светот.

Имено, двокатната куќа вредна 9 милиони евра била единствената која останала да стои откако огнот избувнал низ околината, а сопственикот сега се огласил и објаснил како е тоа можно.

Сопственик на оваа импресивна куќа е Дејвид Штајнер, деловен магнат кој беше извршен директор на компанија за отстранување отпад во Њу Орлеанс, а сега е во пензија.

Нормално, тој смета дека не случајно неговата куќа со четири спални со вкупно 390 квадратни метри успеала да опстане.

Имено, куќата е дизајнирана да издржи земјотреси и има ултра силна конструкција, гипсени ѕидови, огноотпорен покрив и столбови забиени во карпата долу за да ги издржи брановите.