Хабиб Нурмагомедов бил во центарот на расправија со членови на екипажот во авион на „Аљаска Ерлајнс“ и бил принудно исфрлен од авионот како последица на инцидентот.
Други патници на летот снимиле видео на кое е забележана кавгата на Хабиб со член на екипажот, а проблемот настанал поради фактот што УФЦ легендата седнала на местото покрај страничен излез и обврската да им помогне на останатите патници при евентуална итна евакуација.
Откако стјуардесата не била задоволна од одговорот околу познавањето на англискиот јазик (кое е обврска за оваа позиција), побарала од Нурмагомедов да седне на друго седиште или да патува со друг лет, по што побарала и асистенција на своите претпоставени и полицијата.
Инцидентот се случил во Лас Вегас и претпоставките се дека Хабиб патувал кон Калифорнија, каде следниот викенд ќе се одржи УФЦ 311 настанот.
Khabib Nurmagomedov was kicked off a flight after an interaction with the staff😳‼️ pic.twitter.com/1tXK6FBilw
— Combat Casuals (@Combat_Casuals) January 12, 2025